КАНАЛ 5 ТВ: Македонски иноватори создадоа нова заштитна маска од коронавирусот

Однадвор изгледа како и сите обични платнени маски. Но во неа е скриен еден мини систем од мал издувник со две цевчиња. Со помош на нив, јаглеродниот диоксид наместо да се одбие од маската и повторно да се вдиши назад – оди во платнените перничиња.

„Воздухот, нормално, се вдишува низ нос а се издишува преку овие два канали во воздушните џепови. Ниту можете да примите вирус од некого ниту да пренесете. Овој проблем што го имавме досега со обичните заштитни маски е што се издувува воздухот помеѓу маската и лицето и после дел од тој воздух се вдишува.“ истакна Мирко Узелац, претс. на Национална асоцијација на иноватори на Македонија .